Богојески до ВМРО-ДПМНЕ: Доцна е сега за реформи, товење свиња после Божиќ!

by Fokus

Првиот човек на Македонски концепт, Петар Богојески преку својот профил на Фејсбук ја анализираше состојбата во која се наоѓа опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Како што истакна тој, доцна е сега за реформи во партијата и како што истакна, обидот на Груевски и Мицкоски со наводни реформи да спречат расформирање е повеќе од трагикомичен.

РЕФОРМИ ВО ВМРО ДПМНЕПред точно 3 години ве повикавме на реформирање, за да спречиме расформирање на ВМРО ДПМНЕ! Ви…

Publiée par Петар Богојески – Petar Bogojeski sur Jeudi 23 juillet 2020

„Пред точно 3 години ве повикавме на реформирање, за да спречиме расформирање на ВМРО ДПМНЕ!
Ви кажавме дека ако не се реформираме по брза постапка, ќе ги изгубиме сите избори и на крај ќе се распаднеме! Сега е веќе започнат процес на расформирање на партијата, “граѓанската војна” е во тек, а обидот на Груевски и Мицкоски со наводни реформи да спречат расформирање е повеќе од трагикомичен!!!
Касно е сега дечки. Помина возот“, вели Богојески во својата објава.

Поврзани новости