Петар Богојески, член на ВМРО-ДПМНЕ и еден од реформаторите во денешното гостување на 1ТВ констатираше дека процесот на демократизација во партијата поминал неуспешно.
-Помина една година од процесот на интеграција на реформаторите во телата на партијата под раководство на Мицкоски. Една година подоцна може да констатираме неуспешен процес на демократизација на партијата, процес со непотребни антагонизми, без вистинска желба за дискуисија, пред сѐ да се изгради толерантен став за различните ставови во партијата, вели Богојески.
Тој додава дека „груевизмот“ не е искоренет во партијата.
-Јас претходно имам истакнато дека го победивме Груевски, но „груевизмот“ не, останувам на таа оценка. Најмногу загрижува тоа што светото тројство, кое е апсолутен владетел на она кое денеска го познаавме како ВМРО ДПМНЕ, а тоа се Таткото Сашо, галениот син Никола и духот Мартин, кој никогаш не го гледате ама секогаш е присутен. Тоа свето тројство остана онаа искривена слика на она што треба да биде вистинско ВМРО во една современа држава, рече Богојески.