Богојески: Барањето за одложување на Конгресот можеле да го кажат и на состанокот на ЦК, ние стоиме до нашите заклучоци

by fokus

Петар Богојески од внатрепартиската иницијатива за реформи на ВМРО-ДПМНЕ за „Фокус“ вели дека барањето на функционерите за одложување на Конгресот испратено преку отворено писмо можеле да го кажат и на Централниот комитет на партијата на кој се одлучи Конгресот за биде на 23 декември. Сепак, додава Богојески, тие се борат за демократија и слобода на мисла и говор и секој има право да си го каже своето мислење.

-Внатрепартиската иницијатива на состанок на Централниот штаб одржан на 17.12.2017 година донесе јасни и недвосмислени заклучоци кои се конечни и обврзувачки за сите наши активисти. Пораката е дека продолжуваме да дејствуваме со засилено темпо со цел конечна промена на статутот на Партијата, кадровски промени и промоција на новите политики на ВМРО ДПМНЕ. Истото ќе се случи после Конгресот во Валандово, на кој ние нема да земеме активно учество и нема да предложиме кандидат за претседател на партијата. За нас принципите и вредностите се пред личностите и во таа насока повторно ги реафирмираме Декларацијата за демократизација и модернизација на ВМРО ДПМНЕ и “Европско ВМРО ДПМНЕ за европска Македонија, изјави Богојески.

Во врска со делегатите кои ги подржаа овие две Декларации, Богојески вели ека оствено е на нивна слободна волја и убедување да одлучат дали ќе земат учество и дали ќе поддржат некој кандидат, но притоа да ги имаат во предвид заложбите на  Иницијативата за демократизација на Статутот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани новости