Еден од предводниците на „Шарената револуција“, Павле Богоевски го „изеде“ политиката.
Од денешна перспектива, Богоевски вели дека најголемата паралела што може да се повлече меѓу невладиниот сектор и институционалната политика е тоа што и двете се, односно треба да бидат борба за промовирање, унапредување и имплементирање на вредности.
Но, сепак, признава дека политиката е многу повалкана.
-Морам да признаам дека мојот избор и мојата политичка кариера имаа многу тешки последици по мојот личен, професионален и семеен живот – нешто за што, за жал, или среќа, е свесна целата јавност.
Но, истовремено можноста да се биде дел од најзначајните и најпрогресивните процеси во општеството и директно да се придонесе кон подобрување на животот на сограѓаните е задоволство, кое нема цена.
Со други зборови: дали сум зажалил – да, во многу наврати; Дали повторно би го направил истото – исто така, да, без размислување, вели Богоевски за „Фокус“.
Повеќе за преминот од граѓанскиот сектор во политика читајте во новиот број на неделникот Фокус.
Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ
НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК