Пратеникот Павле Богоевски по изгласувањето на Законот за амнестија за 27 април на својот Фејсбук профил напиша дека иако Законот го донеле за дефинитивно да се отвори патот кон ЕУ и НАТО, сепак тоа било многу тешка одлука.
-Влегувајќи во процесот на креирање на законот, за мене беа клучни неколку работи:
1. Амнестијата не смее да опфати случаи на СЈО или на злоупотреба на власт;
2. Амнестијата не смее да ги опфати тие кои применија насилство врз луѓе и тие кои го организираа упадот во Собранието;
3. Амнестијата не смее да биде пречка во утврдувањето на вистината пред нашите Судови, ниту да резултира со ситуација каде сите глумиме дека 27ми воопшто не се случил;
4. Законот треба да биде формулиран на начин што најмалку што е можно задира во владеењето на правото и правната држава. Затоа и се одлучив да учествувам во неговото креиање.
Овие работи се постигнати со текстот на усвоениот Закон. Реалноста е дека ова е далеку од идеална ситуација. Но, реалност е исто така, дека неправењето на овој чекор премногу ќе ја чинеше државата. Затоа гласав ЗА, напиша Богоевски.