Богоевски за случајот Морина: Додека вицепремиери го наведуваат судството како да суди, нема да имаме судство

by fokus

Поранешниот пратеник Павле Богоевски денеска преку својот Фејсбук профил го изнесе својот став за одлуката на Кривичниот суд да не го исполни барањето на Србија за екстрадиција на Томор Морина.

-Кривичниот суд пресече дека не се исполнети условите за екстрадиција на Томор Морина, поранешен висок претставник на УЧК. Лицето кое се бара со меѓународна потерница на Интерпол, нема да им биде предадено на властите кои го бараат. Да појаснам, во поглед на прашањето Србија/Косово, го поддржувам правото на самоопределување и независноста на Косово (став кој официјално го дели и нашата држава). Но, како можеме да очекуваме некој друг да ни ги врати нашите побегнати криминалци, кога ние не го правиме истото? Ова е погрешниот тип на политичко влијание врз судството. Се’ додека имаме високи владини претставници, вице-премиери и градоначалници кои однапред го наведуваат судството во која насока треба да одлучува – нема да имаме судство, напиша Богоевски.

Поврзани новости