432
Поранешниот премиер и актуелен пратеник и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, од службениот „премиерски“ телефон направил сметка од 184.000 денари за роаминг, сметка која ја плаќа државата, рече пратеникот од СДСМ, Павле Богоевски од собраниската говорница и потсети дека Груевски не е премиер речиси една година.
Пратеникот Богоевски ги повика надлежните да го проверат овој податок и праша дали сметката е направена за координацијата на партијата која ја водел Груевски додека бил надвор од државата.