Факт е дека на снимката не се спомува дека е масло од канабис и очекувано е дека политичките опоненти и јавноста ќе имаат поинаков став и јас сум свесен дека никогаш нема да можам да докажам, ама не можат ни тие да докажат дека станува збор за нешто различно, рече пратеникот во оставка, Павле Богоевски во вечерашното гостување на 1ТВ.
-Во првиот момент размислував каква да ми биде реакцијата. После едена вечер решив да излезам во јавноста да ги кажам фактите кои што се. Прво се огласив на Фејсбук, потоа во медиуми и се пријавив во полициската станица во Центар. Ова беше моја одлука. Не се консултирав со правници и политичари, бидејќи нивната работа е да го гледаат нивниот интерес. Работата на адвокатите е правниот интерес на клиентот, а тоа е да не одговара тој човек. Постапките кои сум ги правел не биле со избегнување одговорност. Кривичната одговорност ја прифаќам во целост и добра причина е да не дозволам мојата пратеничка функција да биде пречка во постапувањето на органите на прогонот. Тогаш и сега ги повикувам да ја утврдат мојата одговорност и на оние кои снимаа и објавија снимката, веле Богоевски.