Богоевски: Пендаровски доби повеќе гласови во вториот круг зашто тврдевме дека сме ја сфатиле пораката

by fokus

Пратеникот Павле Богоевски во вечерашното гостување на телевизија 24 даде осврт на резултатите од првиот и вториот круг од претседателските избори.

-Добар дел од граѓаните мислат дека жртвите кои беа направени за ЕУ беа преголеми, како и начинот на практикувањето на извршната власт донесе до разочараност и пониска излезност во првиот круг. Различното во вториот круг што донесе поголема излезност и повеќе гласови за Пендаровски, е што прво Пендаровски, премиерот и сите од нас тврдевме дека сме ја научиле лекцијата и сме ја сфатиле пораката. Но, тоа сега дава тежина на она што се нарекува „метла“, рече Богоевски.

Поврзани новости