Ексразузнавачот Слободан Богоевски кој се најде на пратеничките листи на Коалицијата на слобода и правда, како носител на четвртата изборна единица, очекува победа на изборите на 11 декември.
-Тука сме не да се претставиме кои сме, туку да го обзнаниме почетокот на крајот на тиранската власт наречена злосторничко здружение. Неодамна лидерот на тоа злосторничко здружение за мене и за лидерот на овој блок, Павле Трајанов, изјави дека сме марчни слики. Јас му одговарам да, ние ќе ви бидеме вашиот мрак – изјави Богоевски на официјалната презентација на листите.
Инаку, носител на првата изборна единица е лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов, лидерот на ФРОДЕМ Јове Кекеновски во втората ИЕ, а во третата носител е Весна Стоименовска. „Четворката” ја предводи Богоевски, петката Александар Делов и шестата изборна единица носител е Бранко Мајсторовски.