Богоевски: Не се отселив од државава само затоа што ќе требаше да си признаам дека сум неспособен

by fokus

Пратеникот од СДСМ, Павле Богоевски, со исповед за својот живот им се обрати денеска на пратениците од опозицијата во Собранието, убедувајќи ги да гласаат за отворање на уставот и за уставни измени, како би се подобрила општествената клима во државата. Како што рече Богоевски, тој се смета за дел од промашената македонска генерација.

Кога бев во основно и во средно со задовлство ги слушав постарите како зборуваат за деновите поминати во Југославија. Јас немам со ништо да се пофалам до сега. Имам сеќавање за чекање и ништо повеќе. Уште како дете знаев дека чекам некаде да не примат. Моите другари и другарки, најголем дел од нив се отселија, додека оние што останаа се уште чекаат. Во моето одделени од средно бевме 31 ученик, минатата година славевме 13 години од матура. Се собравме сите кои бевме во Македонија. Знаете колку бевме? Само тринесет. Од 31 останавме 13-мина да се обидеме тука да направиме живот – рече Богоевски.

Тој рече од собраниската говорница дека планирал да се отсели од Македонија, но се предомислил.

-Си реков не ја бива државата, ќе се обидам и јас. Барав опции да се иселам. Најдов физичка работа за плата неколку пати поголема од платата што тука би ја добива од најголемите мои амбиции. Со тешко срце одлучив да не си отидам, така ќе требаше да си признаам на себе дека сум неспособен да изградам живот за мене во оваа држава – рече тој.

Богоевски додаде дека верува во концептот на одговорност, лична, општествена, политичка, кривична. Секој грѓанин, додаде тој, е одговорен да даде се од себе да ја направи државата место со услови за достоинствен живот.

Според него одлуката на референдумот не беше донесена, не било одлучено ниту за, рече, ниту против. На пратениците, додаде, останува обврската да ја донесат таа обврска.

Тој им порача на пратениците дека вратите на Македонија ќе бидат позатворени од сега ако шансата не биде искористена.

-Колеги и колешки, верувам дека меѓу вас ќе се најдат доволно број на луѓе кои ќе застанат исправено пред историската обврска и должност. Верувам ќе се најдат луѓе кои ќе ги напуштат партиските стеги. Во досегашните расправи во Собраните неколку пати ваши припадници, лично ме повикаа дека сум го заборавил критичкиот наративкон власта кој сум го имал пред да влезам во Собрание, дека сум потивок за работи кои велите се исти. Да се разбереме не мислам дека Владата е совршена, мислам дека има грешки и треба да се корегира. Но уште не можеме да стигнеме на ред да ја критикуваме борејќи се со пречките од опозицијата. Да покажеме со пример дека пратениците ќе одлучуваат во корист на граѓаните и државата и ќе се ослободат од партиските стеги. Барам од вас да ни покажете пример за тоа и ние да го следиме. Да ја вратиме конструктивноста во Собранието. Да и покажеме на јавноста и на светот дека Македонија може да има независни пратеници – порача Богоевски.

 

Поврзани новости