Богоевски: Левица има депозит над 30.000 евра во Еуростандард, затоа се потресоа

by Frosina Fakova

Извесно е дека политичката партија Левица има депозит поголем од 30.000 евра во Еуростандард Банка. Партиската сметка за изборите е со код на Еуростандард Банка, затоа се потресоа, обелодени на својот Фејсбук профил поранешниот пратеник, Павле Богоевски.

-Затоа се изненадив кога димчевистиве со молскавична брзина се потресоа во име на „обесправениот работник и граѓанин“. Профата со 10,00 просек не ги забележал предупредувачките знаци кои ги забележале многу други и си ги повлекле сретствата. Затоа и во моментот на пропаѓањето само 74 ентитети имале депозити поголеми од 30.000 ЕУР во Еуростандард Банка. Па сега уште и пампари со некави реформи за „антилихварско банкарство“, напиша Богоевски откако лидерот на Левица, Димитар Апасиев дека ќе предложи реформи за „антилихварство банкарство“.

Понатаму Богоевски се осврнува на пропаѓањето на Еуростандард кое го нарекува трагедија која ќе ги влоши и искомплицира животите на голем број граѓани кои имаат заштедено во банката и ќе ја загрози ликвидноста на голем број фирми.

-Ама друштво – парите на ВИСТИНСКАТА работничка класа, таа што нема депозити поголеми од 30.000 евра – се заштитени и ќе бидат директно обесштетени. Средствата ќе може да си ги побараат и останатите доверители преку стечајната маса, ама за жал тоа ќе оди подолго и потешко. Тоа е реалноста. Многу ми е криво што ќе му заглават парите на Димче ама нели Левица беше партија од народот за народот на која не ѝ требаат тешко заработените пари на граѓаните??? А да – очигледно и многу му е гајле за парите на обесправените граѓани, се’ додека тој лично е „најобесправениот“, пишува Богоевски.

По пропаѓањето на банката Апасиев напиша дека наводните инсајдерски информации на министерката за финансии, Нина Ангеловска која повлекла од таму депозит од 250.000 евра ќе бидат повод за реформа во банкарскиот систем. Тој најавува постапка во Собранието за т.н. антилихварско банкарство.

 

Поврзани новости