Со хаштаг „Збогум Никола“, пратеникот Павле Богоевски ја поздрави денешната одлука на Комисијата за мандатно имунитетни прашања да му предложи на парламентот да му го одземе мандатот на пратеникот во бегство, Никола Груевски. Иако Богоевски е претседател на оваа Комисија, сепак не присуствуваше на денешната седница. Расправата ја водеше неговата заменичка.
„Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања го изгласа Предлогот за одземање на мандатот на никола груевски.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа, иако беа присутни во салата. Останува да видиме дали доволен број од нив ќе имаат сила да се одречат од својот пастир на пленарната седница, каде се потребни 80 гласа ЗА одземање на мандатот на почесниот претседател во бегство.
Според Деловникот, за мандатот на нг треба да се расправа на наредната пленарна седница. Писмото за престанок на мојот мандат ќе го заверам во службите по гласањето, без разлика на исходот“, напиша Богоевски на својот фејсбук профил.