527
Претседателот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, Павле Богоевски за во четврток ја закажа седницата на која точка на дневен ред ќе биде одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски.
Седницата е закажана за в четврток (23 мај) во 11 часот. На неа ќе се расправа за известувањето за Груевски кое Талат Џафери минатата недела го достави до Комисијата.