Продолжуваат препукувањата меѓу пратеници од владејачкото мнозинство, а во врска со седницата во Собрание на која требаше да се одлучува за имунитетот на Трајко Вељаноски. Пратеникот, Павле Богоевски, одговори на обвинувањата од Ејуп Алими од ДУИ, кој во вчерашното гостување на ТВ21 рече дека Богоевски стои зад сценариото да не му биде одземен имунитетот на Вељаноски.
„Вчера, Ејуп Аљими повторно се обиде да ја префрли вината на Мухамед Зекири и мене. Одбивам да се впуштам во натпревар по викање и препукување преку социјални медиуми и прес конференции, без директно спротивставување на аргументи. Токму тоа го сакаат, оваа состојба да се претвори во уште еден политички циркус без никаков епилог.
Реалноста е дека случувањата овие денови изведоа на виделина суштински проблеми во начинот на претседавањето со Собранието и однесувањето на пратеничката група на ДУИ, во нивната посветеност на тоа што требаше да бидат заднички вредности.
Мора да постои одговорност и конкретни последици од сценираното фијаско кое толку очајно се обидуваат да го прикријат“, напиша Богоевски.