Целосното укинување на патните трошоци за пратениците е мошне благородна и нужна идеја, но вистинските непотребни трошоци не се само кај пратениците туку треба да се направи темелна анализа на оправданоста за сите привилегии на јавните функционери, смета екс пратеникот Павле Богоевски.
„Ако земеме предвид дека законодавната е посебен столб на власта, подеднакво важен како извршната и судската и дека сегашните патни трошоци на пратениците се дефинитивно превисоки и неоправдани – тогаш дали секое јавно државно или локално претпријатие треба да има и заменици директори со голем помошен персонал и којзнае колку службени возила? Особено ако знаеме дека во државава има многу повеќе директори, заменици, раководители од што има пратеници. Да, не е во ред пратеници да наплаќаат илјадници евра за патни трошоци, но дефинитивно и не е во ред да имаме три секретарки и пет коли по глава на директор“, напиша Богоевски на фејсбук.