Претседателот на Комисијата за мандатно имунитетни прашања, Павле Богоевски, во синоќешното гостување на „24 Отворени“ на ТВ 24, говореше за последните случувања во Собранието, околу одземањето на имунитетот на Трајко Вељаноски.
„Работата на Комисијата се развиваше на таков начин што во моментот на гласање, не беше сигурно дали ќе има кворум ако гласањето остане за првично определениот термин во 23 часот. На Агим Шаќири му се влоши состојбата и не дојде на продолжението на седницата. Не можевме да го добиеме по телефон. Дознавме дека му е влошена состојбата и дека е во Клиника за трауматологија и тој инцидент се уште не ми дава за причина да се сомневам дека на колегата не му било навистина лошо. Се обидував да го добијам заменикот на комисијата. Немав потврда дека ќе пристигне до 23 часот. До моментот на продолжување на седницата, немав потврда дека ниту членот на ДУИ, ниту заменичката на ДУИ нема да дојде“, истакна Богоевски.