Ја повикувам ДКСК да провери во кое својство Христијан Мицкоски секој ден во работно време, оди на терен со градоначалниците или вработените во општините, рече Стефан Богоев од СДСМ во гостувањето на „Само вистина“ на Канал 5.
-Тој промовира канализација како претседател на партија и дава изјави во име на вработени во општината за време на работно време, тоа е прекршување на закон. Не смее партиски претседател да држи прес конференција со вработени во администрација, па каде го има тоа, појасни Богоев.
Богоев најави дека СДСМ утре имаме средби на ИО и ЦО во партијата, а појасни дека и Алтернатива како што најавиле имаат претстедателство.
– Алтернатива има некои програмски работи кои смета дека се суштински битни за да бидат дел од парламентарното мнозинство. Сега фокусот е на тоа, штом се усогласат тие работи ќе се премине веднаш кон кадровските дискусии, односно пред се распределба на местата, појасни Богоев.