Пратеникот од СДСМ, Стефан Богоев, изјави дека условната казна што ја доби поранешниот телохранител на Никола Груевски, Дејан Митревски – Урко, за сообраќајна несреќа со смртни последици за едно младо момче е скандалозна.
-Ова е уште еден доказ дека поданиците на поранешниот режм се уште се привилегирани и се над законот. Очигледно е дека „сваровски“ судиите се уште работат во одбрана на криминалот и злоделата на поранешниот режим. Одлуката за условна казна за сторител на тешко дело против безбедноста во сообраќајот, со смртни последици на младо момче, докажува дека е потребна итна професионализација и ослободување на судскиот систем – вели Богоев.
Тој оценува дека неопходно е итно спроведување на започнатите реформи во судството за никогаш повеќе поединци да не бидат над законите само затоа што се блиски до една или друга политичка партија.