458
Градоначалникот на општина Карпош, Стеган Богоев попладнево соопшти дека во општината ќе бидат отворени пунктови каде сите граѓаните ќе може да донираат за настраданите во пожарите во Грција.
-Улицата Атинска не потсетува на солидарноста која Атина ја покажала кон Карпош, сега е време ние да одговориме.
Општина Карпош ќе отвори пунктови за донација, по повод пожарите во Република Грција.
Во текот на утрешниот ден ќе ја објавиме локацијата на пунктовите и временскиот период во кој ќе може да се донира.
Службите на Општината заедно со активисти и хумани граѓани ќе организираат и дежурства во претстојните денови, објави Богоев.