328
Воспоставуваме нов стандард на ефективност на Царинската управа како сервис за стопанството, изјави директорот на Церинската управа Стефан Богоев по денешната посета на Царинарницатта Скопје.
-Работиме на конкретни мерки и политики со коишто ќе се создадат услови за повисока продуктивност на македонската економија, извоз на стоки и услуги со поголема домашна додадена вредност, што значи поголеми приходи во Буџетот, изјави Богоев.
Тој понатаму додава дека Царинската управа истовремено работи на реформски политики чија цел е подобрување на менаџирањето со ризици, намалување на сивата економија и сузбивање на корупцијата.
-Ова се дел од заклучоците од денешната посета на клучната Царинарница Скопје и царинските испостави Скопје 1 и Скопје 3, објави Богоев на социјалните мрежи.