По завршувањето на мандатот, се уште актуелниот градоначалник на Карпош Стефан Богоев треба да стане директор на Царинската управа.
Богоев за Фокус потврди дека се разговара за оваа позиција, меѓутоа, како што посочува, конечната одлука треба да ја донесе Владата.
Инаку, оваа одлука треба да се официјализира по завршувањето на локалните избори, на кои за градоначалник на Карпош ќе се натпреварува Душко Весковски, директор на скопски водовод.
До неодамна, директор на македонската царина беше поранешниот пратеник и министер Горан Сугарески, кој се повлече од оваа функција откако поднесе градоначалничка кандидатура за Прилеп.
Денес, Сугаревски беше еден од 12-те новопромовирани кандидати за градоначалници на СДСМ, заедно со Александар Филиповски во Аеродром, Ненад Коциќ во Велес итн.
В.С.