382
Директорот на царинската управа и поранешемн градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев за случајот со злоупотреба на терапијата на Клиниката за онкологија дава поддршка на МВР и на ОЈО да го истражи до крај. Тој на социјалните мреќи објави:
Јас поминав цели четири месеци со татко ми на Онкологија. Случајот во најмала рака е згрозувачки. Кој не бил, не знае што тоа значи. Ако навистина се препродавале лекови и терапија за сметка на животите на тешко болни луѓе, тоа заслужува најстрога можна казна! Поддршка за МВР и ОЈО да го истераат случајот до крај! Без разлика на партиска, етничка или верска припадност на криминалците! За никогаш повеќе никој да не помисли, а камоли да го направи ова злодело!