Богоев: Ние не сме како опозицијата каде има конгреси како во Северна Кореја

by Fokus

Не е точно дека немало високи тонови и тензична атмосфера, имаше демократска дискусија и горди сме што не прави различни од ВМРО-ДПМНЕ ние сме научени на дебата и сигурни сме дека тоа е најдобра варијанта која ќе донесе успех, а среќен сум што имаме демократска нишка, рече новиот потпретседател на СДСМ Стефан Богоев во гостувањето во вестите на Тв24.

– Ние не сме како опозицијата каде има конгреси како во Северна Кореја, јас станав и социјалдемократ токму поради тие вредности, дискусијата и договорот, додаде Богоев.

Богоев додава дека изминатиот период повеќе имаше на терен функционери од власта, а не од партијата затоа на редовно ниво е потребна вклученост меѓу членството и граѓаните, по краток период откако членството ќе направи план за теренски активности.

-Во новата Влада нема да е суштински битно кој на која функција е во партијата, туку ќе се гледа стручност, некаде околу 17-18 јануари ќе го имаме новиот состав во владата ќе бидат оние кои се најстручни за министерствата, агенциите итн, додаде тој.

Според Богоев Општина Карпош во изминатите децении се ширеше и многу граѓани живеат во оваа општина, но тоа не е таборирање ниту пак постои скопско крило или некое крило, случајно се погодиле да бидат од Карпош.

Поврзани новости