Новиот директорот на Царинската управа Стефан Богоев, денеска одржа работна средба со претставници на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) и Независниот синдикат на Царинската управа. Ова е негова прва официјална работна средба по преземањето на должноста прв човек на Царината.
На средбата беше запознаен со барањата на синдикатите, кои првенствено се однесуваат на обезбедување на додаток на платите на вработените, согласно Законот за Царинска управа и Колективниот договор.
„Неодамна е потпишан нов Колективен договор на Царинската управа во координација со двата синдикати, со кој на вработените им се овозможи усогласување со минималната плата, надоместок за домашно дежурство, платено осигурување, зголемување на бројот на денови за годишен одмор и други поволности“, соопштија од Цариската управа