Во моментов немам амбиции да го преземам СДСМ, вели членот на партискиот Извршен одбор и поранешен градоначалник на Карпош Стефан Богоев, чие име беше споменувано како можен кандидат за лидер на СДСМ, по најавите за повлекување на Зоран Заев.
-Не би лицитирал со имиња. Приоритет во моментов е стабилизација на мнозинството и продолжување на интеграциски процеси, менаџирање на енергетска и здравствена криза и решавање на бугарското прашање. Во периодот кој што доаѓа ќе се изнаслушаме голем број на приказни, комбинаторики – рече Богоев на ТВ 21.
Тој додаде дека СДСМ има поголем потенцијал за коалицирање од ВМРО-ДПМНЕ, што беше и докажано во Собранието во четвртокот, кога не успеа гласањето на недоверба на владата.
-Во моментов имаме подадена рака, пред се на Алтернатива, но се разговара и со други пратеници. За брзо ќе излеземе со постабилно и посериозно мнозинство од пред изборите и гласањето за недоверба на Владата – рече Богоев.