573
Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев вели дека на вчерашните избори се потврдило дека анкетите на ВМРО-ДПМНЕ се лажни и неточни.
„-ВМРО-ДПМНЕ 0 градоначалници, Левица 0 советници. Алијанса 0 советници. Според оваа анкета од пред 2 недели, ДПМНЕ, Левица и Алијанса вчера требаше да бидат апсолутни победници на изборите во трите општини. Се потврди дека анкетите на ВМРО – ДПМНЕ се лажни и неточни. Се потврди дека национализмот ниту кај Македонците, ниту кај Албанците не носи гласови“, напиша Богоев на фејсбук.