Богоев им вети на младите неповратни 10.000 евра за отворање сопствен бизнис

by Fokus 16:24
16:24

Во нашиот план за живот во Македонија, клучно место заземаат мерките кои треба да отворат нови работни места за младите и младите да ги направат да бидат сами свои газди, истакна денеска Стефан Богоев, претседател на СДММ и кандидат за пратеник на СДСМ и коалицијата во ИЕ 1.

– За таа цел испланиравме отворање на старт-ап центри каде што младите бизнисмени можат да добијат бесплатен канцелариски мебел, простор, како и услуга за архивирање, сметководство и одржување за нивната фирма. За најкреативните бизнис идеи на младите државата ќе им додели по 10.000 евра неповратни пари за да можат да отворат сопствен бизнис. Младите бизнисмени ќе имаат достапност за кредити до дури 15.000 евра со само еден процент каматна стапка, и ќе можат да формираат фирма само со едно евро основачки влог – рече Богоев.

- Advertisements -

Поврзани новости