Богоев: Дел од сменетите во Царина немаа испорачано резултати

by Fokus

Директорот на Царинската управа, Стефан Богоев утрово даде повеќе информации околу кадровските промени на неколку клучни позиции во Царината. Според него, направени се повеќе промени и во Секторот на контрола и во делот на инспекторските места.

„Кога ќе ги соберете, ќе дојдете до можеби 15 луѓе. Тоа не подразбира дека разрешив 15 луѓе. Имаше празни места на одредени гранични премини. Морав да ставам шеф на Блаце и управник на главната управница Скопје. Имаше испразнето место на царинската постава на Табановце поради човекот кој за жал починал“, рече Богоев во емисија на ТВ 21.

Директорот информира дека разрешил две раководни лица во две скопски ипостави, односно началничкото место на мобилната единица на Царината.

„Тоа се оние цариници кои не се на премините, кои што имаат посебни овластувања и можат да запрат возила на патишта или друго место. Дел од луѓето се сменети поради тоа што по бројки немаат испорачани резултати или подолго време биле на иста позиција. Во секој случај имаше промени, затоа што не е добро еден човек да биде на едно исто место долго време, затоа требаат промени и чести рокади за да не дојде до воспоставување на шеми или структури. Ова не значи дека има нешто нелегално, туку делувавме превентивно. Подобро да го спречиме отколку да го лечиме“, изјави Богоев.

Поврзани новости