Преку проектот Млад земјоделец, новата Влада предводена од СДСМ со 10.000 евра неповратни средства им помага на младите регистрирани земјоделци да започнат сопствен бизнис, да го прошират производството и да внесат нови и модерни технологии со што ќе го зголемат производството и конкурентноста на пазарот, рече денеска на прес конференција Стефан Богоев, претседател на младите социјалдемократи (СДММ).
Според него, ова е само една од низата мерки на Владата преку кои се унапредува земјоделството, се помага домашното стопанство, а парите се враќаат назад кај граѓаните, во овој случај директно кај младите.
– Затоа, ги охрабруваме сите лица кои ги исполнуваат критериумите да се пријават на објавениот повик и да ја искористат мерката којашто го унапредува руралниот развој и отвора нови работни места – истакна Богоев.