Богоески: Волку прислушувани граѓани немало ни во време на СФРЈ

by fokus

Првиот директор на македонската тајна полиција, тогашната Служба за државна безбедност, Слободан Богоески денеска во емисијата „Само вистината“ на Канал 5 рече дека прислушување на 25.000 граѓани од УБК во последниве години не било извршено ниту во времето од 1945 до 1991 година кога постоела сојузната служба за безбедност на поранешна СФРЈ.

Богоески нагласи дека УБК не смеела според позитивните законски акти на Македонија да издава безбедносни сертификати, бидејќи таа „улога“ треба да ја има друга институција.

Тој рече и дека Управата за безбедност и контраразузнавање незаконски апсела и прислушувала граѓани во земјава.

Поврзани новости