Жерновски и СДСМ ја втурнаа Општина Центар во вистински хаос откако пред 4 години ги манипулираа и доведоа во заблуда граѓаните на Центар ветувајќи се и сешто, за сега 4 години подоцна најголем дел од ветувањата да не бидат реализирани, изјави денеска Горан Богдановски, советник во Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ.
– Жерновски и СДСМ пред 4 години им ветија на центарци два монтажни паркинзи, едниот во Капиштец на улица Козара, другиот кај Југодрво. Помина мандатот на Жерновски и СДСМ во Центар, а ниту еден од двата паркинзи не е направен. Жерновски мислејќи дека манипулациите кои му успееја пред 4 години ќе му успеат повторно, вчера се обиде да ги изманипулира жителите на Дебар Маало, ветувајќи дека тука на местото позади нас ќе направи монтажен паркинг, со кој ќе се обезбеди место за 270 до 290 возила. Дебармаалци знаат дека монтажниот паркинг е уште едно неговорење на вистината на Жерновски и СДСМ, која претставува обид за манипулација на граѓаните пред изборите – рече Богдановски.