Богдановиќ со ново решение, паркирај и добиј бесплатно тротинет или велосипед

by Fokus

Општина Центар ја разгледува идејата најголем дел од возилата да се паркираат во катни гаражи, со можност граѓаните бесплатно да добијат на користење тротинет или велосипед за да стасаат до саканата дестинација.

Ова денеска на брифинг со новинарите го истакна градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, кој најави работно лето во својата општина.

Тој најави реконструкција на десетина витални улици во општината, нови атмосферски, водоводни и канализациски мрежи, тротоари, капитален сообраќаен проект кој ќе ја зголеми безбедноста во Капиштец, вреден 28 милиони денари.

 

 

 

 

 

Поврзани новости