Направени се разговори со двајцата комунални редари и почната е постапка за утврдување на фактите и одговорноста од видеото од 16.11.2018, кое изминатите денови се најде на критика на јавноста, велат од Општина Центар откако на социјалните мрежи се појави видео од инцидент спроти пазарот во Буњаковец каде редари малтретираат жена што продава јаткасти плодови.
„Сакаме да ги известиме граѓаните дека општината стапи во контакт со Министерството за внатрешни работи и градоначалникот на општина Центар ја повика госпоѓата која беше дел од целиот настан од видеото, на разговор во својот кабинет, со цел да се слушнат сите засегнати страни и објективно да се пристапи кон случајот. За конечниот исход од постапката, граѓаните ќе бидат известени дополнително. Изминатиот период Секторот за инспекциски работи извршуваше засилени инспекциски активности и контроли, особено во околината на зелените пазари на територија на општината. По бројните пријави на жителите кои живеат во тие делови на Центар, инспекторите и комуналните редари од општината секојдневно ги идентификуваат дивите продавачи, издаваат налози за отстранување на дивите тезги и издаваат прекршочни казни за оние кои не работат во согласност со правилата и законите во Република Македонија“, велат од Општината.
https://www.facebook.com/martinez.cvetkovski/videos/10217704795237547/