547
Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ во денешното гостување на Утрински брифинг на Слободна ТВ говореше за ситуацијата со паркинзите во општината.
„Јас разбирам дека во центарот на градот доаѓаат од сите општини. Овие политики на воведување на разидентни паркинзи, само за станарите, покачување на цените е со цел за да ги натераме луѓето да користат што помалку возила и да разберат дека и тука некој живее 24 часа, а не само два-три часа. Имаме разбирање, но мора да имаат разбирање и за нас кои живееме тука“, истакна Богдановиќ.