Откако вчера се појави информација дека читалните „Ацо Шопов“ и „Славко Јаневски“ ќе се затворат поради големите кирии, со свој став излезе и градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.
Тој посочи дека дел од читалните ќе бидат преместени на други локации, а дел ќе останат на досегашните.
„Би сакал да ги демантирам написите во одредени медиуми дека читалните кои се наоѓаат на територија на Општина Центар ќе бидат затворени.
Имено, поради високите кирии кои општината ги плаќа за читалните, станува збор за преместување на дел од читалните на други локации, а дел ќе останат на истите локации каде што се наоѓаат и денес.
Општина Центар ја поддржува кулутурата, културниот развиток и читањето книги како основни општествени елементи на една личност и со својата поддршка и понатаму ќе продолжи со истата динамика на стимулирање на културен и научен развој“, рече Богановиќ.