939
Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ во изјава во Дневникот на Сител вели дека Југославија не не разделувала со Бугарија, како што рече премиерот Зоран Заев.
„Не можам да се согласам во тој дел баш од причина што во таа Југославија сите сме живееле заедно. Имате добар дел, посебно во Македонија кои што работеле во заедничките државни компании и останале тука да живеат. Баш заради тоа ние сме се зближиле во таа Југославија како посебности кои што сме ги имале, така да во тој дел не можам да се согласам бидејќи јас како претставник на српската заедница можам да кажам дека баш таа Југославија не направила да бидеме блиски, односно исти на некој начин“ вели Саша Богдановиќ за Сител.