709
Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, одговорноста за веќе извесното градење спроти Холидеј Ин ја префрли кон неговите претходници.
-Се што се случува на тој терен е поради нешто што се случувало во минатото. Се обидовме да ги измениме тие планови, но, за жал, по пресудата од Уставниот суд, ни беше укината таа можност и немавме начин за спречување на друг процес понатаму, бидејќи тоа ќе беше само на штета на оштината – рече Богдановиќ на Канал 5.
Инаку, Антикорупциска денеска побарала дополнителна документација од општината за носењето на спорните ДУП-ови за потребите на предметот што го отвори.