Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, кој денеска присуствуваше на бадникарската прослава во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, на сите граѓани им посака поубава и посреќна 2018 година. Порача дека тој како градоначалник и сите надлежни ќе направат се за да има што е можно подобри денови за граѓаните.
-Само треба да се фатиме за работа и луѓето да гледаат само на убави работи. Доста беше бавење со политика, ние ќе се занимаваме со нашата работа, а тоа е да направиме што е можно подобри денови за нашите граѓани. Да го оставиме лошто зад нас. Доста ни беше од оние немили случувања кои ги имавме во 2017 и 2016 година – порача градоначалникот на општина Центар.
Деца, кои сами изразиле желба, дојдоа пред општината и испеаја Бадникова песна, информираат од Општината.