Поранешниот градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ (37) и неговата сопруга Јелена, која е одделенски наставник, го добија своето прво дете, син. Како што раскажа за „Фокус“ среќниот татко, породувањето поминало во најдобар ред и бебето и мајката биле добро.
-Јелена се породи во Скопје, во Ремедика. Лазар за прв пат го видов во 11 часот, фала му на Бога се е добро. Околу името, имавме неколку предлози, но за Лазар и двајцата заедно се согласивме. Лазар или Лазарус има хебрејско потекло и значи ,,Господ помогна”– вели Богдановиќ.
Тој и неговата сопруга се венчаа во 2020 година во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Грачаница, Косово, по една година врска.
Веста дека очекуваат принова ја обелоденија за време на Божиќните празници, и тогаш за ,,Фокус” појаснија дека го знаат полот на бебето, но ќе го сочуваат како изненадување.
Инаку, парот се запознал за време на хуманитарна акција, а поранешниот градоначалник не криеше дека бракот му дал нов правец на неговиот живот.