Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој сега е во азил во Будимпешта ја потцени меѓународната заедница, вели адвокатот и член на ВМРО-ДПМНЕ, Костадин Богданов кој од 2011 до 2017 година беше Владин агент пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
Беше дел од реформаторите од ВМРО-ДПМНЕ, а сега во интервју за „Фокус“ зборува за капацитетот на сегашниот лидер на партијата, Христијан Мицкоски, но и за времето кога на чело на партијата беше Никола Груевски.
ФОКУС: Кои беа најголемите грешки на Груевски?
БОГДАНОВ: Првата грешка беше што ја остави партијата некаде во 2011, 2012 година, барем јас имам таков личен впечаток, да ја раководат други, односно голем дел од одговорноста ја пренесе на потпретседателите или другите функционери, тој само беше информиран. Тоа беше тој период кога практично почна слабеењето и падот на ВМРО-ДПМНЕ од 2011 кога се направи тој Извршен комитет. А клучните грешки веројатно ги направи во 2015, 2016 година кога прилично ја потцени меѓународната заедница и нејзиното влијание. А на крајот пак дојдовме на сѐ што требаше да дојдеме пред 10-15 години. Името пак се смени, пак направивме сѐ, само што изгубивме 10-15 години. Тој требаше да ги следи тие клучни сигнали како Заев сега што ги следи, но веројатно Груевски имаше помал сенс за тие работи.
Фросина Факова-Серафиновиќ
Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.