918
Богдан Дамјановски од Скопје е нов сопственик на 1ТВ која има долг од 400.000 евра.
Поранешниот сопственик на телевизијата, Бојан Јовановски е првоосомничен во корупцискиот скандал „Рекет“.
УЈП вчера најави дека ќе му поднесе и кривична пријава за затајување данок.
Тој на јавноста не и е многу познат барем во бизнисот со медиуми. Но, затоа го паметат поранешни вработени на поранешната ФАС „11 Октомври“. Во мај 2003 година Дамјановски се нуди да ја преземе фабриката, кога понуди најмногу пари, околу 12 милиони евра.