Богаташ од Лос Анџелес барал приватни пожарникари:„Ќе платам колку што треба“

by Fokus

Додека пожарот во Пацифик Палисадес се интензивираше во вторникот вечерта, извршниот директор на недвижности во Лос Анџелес, Кит Васерман, објави апел на социјалните мрежи: „Дали некој има пристап до приватни пожарникари за да го заштити нашиот дом во Пацифик Палисадес? Треба да дејствуваме брзо. Сите соседи ги губат нивните домови.“ „Ќе платам се што е потребно“.

Оваа сега избришана објава предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, при што корисниците ја критикуваа идејата дека побогатите граѓани имаат привилегиран пристап до помош во кризни ситуации. Васерман исто така го избриша својот профил.

„Нечиј дом не треба да се спасува само затоа што има доволно пари“, коментира еден корисник на TikTok.

Бидејќи бројните пожари, поттикнати од силните ветрови, уништија илјадници домови во Лос Анџелес, некои жители прибегнаа кон екстремни мерки – и големи трошоци – за да ги заштитат своите домови. Некои платија илјадници долари за да ги испрскаат своите имоти со гелови против оган, додека други инвестираа во приватни противпожарни хидранти во близина на нивните домови.

И покрај жестоките реакции на објавата на Васерман, повеќето приватни пожарникари не се ангажирани од поединци, туку од осигурителни компании кои сакаат да избегнат големи исплати за осигурување, објасни за Си-Ен-Ен пожарникарот Мајк Статс од Сомерсет, Калифорнија.

Според информациите од веб-страницата на осигурителната компанија Чаб, нивните „Услуги за одбрана од шумски пожари“ им нудат на клиентите заштита од шумски пожари, што вклучува пристигнување на професионални пожарникари, отстранување на запаливи материјали околу домот и обложување на домот со гел кој апсорбира топлина.

Тим Бауер, потпретседател на фирмата за наплата на штети Allied Disaster Defense, рече дека по првите три дена од пожарот во Пацифик Палисадес, имал листа на чекање од најмалку 200 луѓе кои очајно ги бараат нивните услуги. Компанијата го користи истиот заштитник од пожар што се ослободува од воздушните цистерни за гаснење пожар за заштита на вегетацијата и околните области.

Во мирнодопски услови, цената на заштитната обвивка е околу 1.000 долари, но за време на критични ситуации се зголемува на 5.000 долари.

Поврзани новости