378
Вечерва во Струмица со почеток од 20 часот на локација парк/чешмичка, музичарот Живко Динев ќе одржи Боемска вечер.
На настанот ќе гостуваат и неговите пријатели и колеги Миле Кузмановски, Сузана Гавазова, Коки Јанков и Арија Бенд.
„Боемска вечер со Живко Динев и пријателите” е настан во склоп на 12-то издание на летниот отворен фестивал „Струмица опен 2023”.
Инаку, Живко е дел од македонската музичка сцена со години наназад. Беше бас гитарист и вокал во „Браво Бенд”, а потоа заплови во соло водите.
Присутните на вечерашниот настан ќе можат уживаат во изведбите на Живко и неговите пријатели следејќи ги од некој од петте угостителски локали кои имаат поставено маси пред бината.
Вики Клинчарова