Бочварски за законот за легализација на дивоградби: Неприфатливо за државата е да замижуваме пред проблемите и да ги ставаме под тепих!

by Fokus

Уставната можност што ја искористи претседателот да не го потпише законот за легализација на дивоградби е уште една шанса заедно да издискутираме со јавноста, пратениците, експертите,.. да најдеме решение со цел да им помогнеме на граѓаните. Како Влада бараме предлози како да го подобриме ова законско решение, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Законот, нагласи, секако дека не идеален, има и слабости, има и добри страни со коишто ќе помогнеме, но ние сме овде и мораме да бараме решенија.

– Се останато е неприфатливо за државата да замижуваме пред проблемите и да ги ставаме под тепих или најлошо од се, да оставиме статус кво и проблемите да стојат, никој да не се грижи за тоа, а впрочем граѓаните не бирале за да бараме решение на проблемите, рече Бочварски, на новинарско прашање, откако се вакцинираше против Ковид-19 на вакциналниот пункт во Штип.

Поврзани новости