Често сум имал средби со транспортните компании кои ги користат граничните премини и се отварало прашањето за побрз проток на возила и патници, а нашите компании да бидат поконкурентни, а товарот побрзо да стигне на европскиот пазар. Токму затоа министерството за транспорт и врски е максимално вклучено во овој процес преку реализација на тендери кои ќе овозможат побрза имплементација на системот, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната промоција на проектот за едношалтерски систем.
– Целта на воведувањето на Националниот едношалтерски систем е поголема конкурентност на нашите компании и олеснување на процедурите за транспорт, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната промоција на проектот за едношалтерски систем, додаде тој.
Бочварски појасни дека за имплементација на овој проект значи синхронизација на 16 институции, а вредноста на тендерот е 54-ипол милиони евра. Една од компонентите е реализација и избор на изведувач во вредност од еден милион евра за поставување на камери на сите гранични премини, кои ќе овозможат полесно препознавање на таблиците и побрза комуникација меѓу совтферите и работата на граничните премини.
– Реализацијата е планирана за првиот квартал во 2024 година и ќе олесни многу во животот на граѓаните и компаниите, додаде Бочварски.
Тој посочи дека вториот дел од задачата на Министерството за транспорт и врски е инсталција на интелигентен транспортен систем по коридорот 10, од Богородица до Велес, додека пак втората фаза е од Велес до Табановце. Исто така ќе се работи и на Коридорот 8 за олеснување на протокот стои и патници.
– Паралелно работиме и на рехабилитација на сите патишта кои водат кон граничните премини и тоа Крива Паланка- Деве Баир и Скопје-Балце, потоа од Струга до Ќафасан и Битола-Меџитлија, бидејќи тоа е првата слика која граѓаните ја гледаат кога влегуваатб во нашата држава, а овие политики и мерки ќе донесат олеснување за нашите компании.