410
Инфраструктурниот пустош што зад себе го остави неспособното и коруптивно работење на ВМРО-ДПМНЕ од ден на ден добива се подраматични размери, обвини пратеникот и потпретседател на СДСМ Благој Бочварски.
-По очигледните огромни пропусти на автопатoт Кичево – Охрид каде што само за еден тунел, поради пропусти во проектот, цената ќе се покачи од 29 на 89 милиони евра. Слични проблеми се јавуваат и во изведбата на експресниот пат Градско – Прилеп. Постојат сериозни пропусти во делот на трасатa и проектната документација, непостоење или пак минимални геотехнички истражувања, како и појава на три досега неевидентирани археолошки локалитети поради кои е издадено решение за привремен прекин на работите – вели Бочварски.