Луѓето не веруваа дека вирусот постои, затоа имаме втор бран на зараза со Ковид-19 во Штип, иако градот беше пред прогласување победа над корона вирусот, вели во интервју за Фактор, првиот човек на градот Штип, Благоја Бочварски.
Најголемиот број на инфицирани во овој момент се вработени од неколкуте конфекциски фабрики, нагласува градоначалникот, потенцирајќи дека тоа е дирекна последица од начинот на кој се превезувани до работните места.
-Во текот на изминатите денови се врши масовно тестирање на работници и работнички од текстилната индустрија. Се работи за повеќе од 800 вработени од 7 текстилни компании во Штип, или нешто над 10% од овој сектор. Во текот на овој продолжен викенд, ќе бидат тестирани околу 430 лица по што ќе ги очекуваме резултатите. Јасно е дека овие неколку дена ќе има нови позитивни случаеви, но тоа покажува дека нашиот систем на брза детекција функционира, пред се овде мислам на здравствениот систем, но и на општинскиот и главниот штаб кои се во постојана комуникациј, вели градоначалникот.