744
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски демантира дека неговата семејна фирма аплицирала на тендер на Општина Штип откако тој стана градоначалник пред околу 3 години.
„Фирмите на моето семејство постојат 25, 30 години, вработуваат луѓе и редовно исплаќаат плата. СДСМ покажува стандарди на одговорно и отчетно владеење, незамисливи за периодот зад нас. Злоупотребите нека си ги бараат кај себе во „Белата палата“, напиша тој на фејсбук.
Тој побара извинување од портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, кој денеска изјави дека власта 3 дена молчи по објавување на информациите дека фирмата „Делукс“ на неговото семејство добила тендер од милион денари од општината еден ден откако тој станал министер.