Министерот за транспорт и врски – Благој Бочварски вечерва во „Click Plus“ на тв21 рече дека не е точно дека ништо не се работи на коридорите кои се под надлежност на компанијата „Бехтел и Енка“
Според него, започнати се работите, и сега се работи на минирање на теренот
„Паралелните пристапни патишта за изградбата, затоа што имаме ние непристапни делови од Гостивар до Кичево, и треба да се направат пристапни патишта при ископ на материјал, минирањето на теренот кое се правеше пред неколку месеци, проектирање на трасата, урбанистичките проекти, и Владата донесе две одлуки за утврдување на траси, со тоа што веќе е утврдена позицијата на автопатот во тие појаси. Паралелно се работи на проектните решенија, а оперативата работи на сите дозоли, и експропријација“, вели Бочварски.
Во врска со тоа кога ќе биде завршен автопатот Кичево – Охрид, Бочварски не сакаше да прецизира.
Тој откри дека се појавиле 11 нови свлечишта и најави дека секој кој ќе направи грешка, ќе понесе одговорност.
„Дали ќе се раскинува договор, дали ќе се почнат преговори за нов договор, продолжување на рокот. Суштински кое се случува на терен, имаме 11 свлечишта кои се појавија во изминатиот период, тоа се свлечишта кои ги немало“, додава Бочварски.